Сојузи

Формирање на Сојуз
  • Секој играч може да формира Сојуз, автоматски станувајќи негов прв Лидер.
  • Нов Сојуз може да прими до 5 члена.
  • За да може да прими повеќе членови, потребно е да се истражи ниво Сојузна Администрација, тоа отвора 5 нови места. Секој член кој го напуштил или бил исфрлен од сојузот, може да се врати само еднаш.
Структура на Сојузот
  • Сите членови се поделени во 3 групи - Лидерско Крило, Офицерско Крило и Обични членови.
  • Сите членови може да разменуваат пораки на Трибината. Само Лидерите и Офицерите може да испраќаат сојузни известувања. Секоја позиција во Офицерското или Лидерското крило е активна за период од најмалку 168 часа, т.е. не може да ја промените позицијата во сојузот ако последно сте биле унапредени пред помалку од 168 часа.
  • Секој сојуз има своја Сојузна ризница којашто служи за порачување Сојузни Истражувања (со ефект врз сите членови), со цена во 4-те вида ресурс, како и за објавување војни, со цена во злато.
  • Членовите може да донираат ресурси во Сојузната Ризница. Еднаш донирани, ресурсите не можат да бидат повлечени обратно и остануваат за Сојузот.
  • Сојузниците плаќаат даноци, одредени од Лидерот, Првиот Офицер и Офицерот-Финансии. Даноците во Сојузот можат да бидат од 0% до 30% од едночасовното производство на ресурси на членовите.
  • Сите членови можат да видат колку ресурси донирале другите членови во Сојузната Ризница.
  • Членовите од ист Сојуз не можат меѓусебно да се напаѓаат.
  • Играч може да му се придружи на ист сојуз само два пати.

Позиции во Сојузот

Формирање на Сојуз
  • Секој играч може да формира Сојуз, автоматски станувајќи негов прв Лидер.
  • Нов Сојуз може да прими до 5 члена.
  • За да може да прими повеќе членови, потребно е да се истражи ниво Сојузна Администрација, тоа отвора 5 нови места. Секој член кој го напуштил или бил исфрлен од сојузот, може да се врати само еднаш.
Лидер
  • Основен бонус - 10 поени морал. Но, целоста на овој бонус зависи од Статусот на Лојалност на Лидерот во Сојузот.
  • Лидерот може да ги гледа сите економски* и воени извештаи на сите членови, како и движењата на војските внатре во Сојузот.
  • * Се состои од: население (вработено / отпуштено), прираст на население на час, лимит на население, лимит по кој прирастот на населението почнува да опаѓа, достапни ресурси, капитал на ризницата, производство на час (за секој еден од ресурсите), издржување на војската на час, даночна стапка и ниво на Задоволство.
  • Лидерот порачува Сојузни истражувања, користејќи го капиталот од Сојузната Ризница.
  • Назначува, унапредува и отпушта членови од Офицерското Крило.
  • Прима и исфрла членови од Сојузот.
  • Објавува Непријателство, потпишува ПН и Федерации со други сојузи.
  • Објавува војни на други сојузи.
  • Поставува сојузен данок за сите членови.
  • Поставува заеднички и/или индивидуални квоти за подигнување дијаманти од сојузната ризница.
Прв Офицер
  • Првиот Офицер ги има истите права како Лидерот освен да го исфрли Лидерот надвор од Сојузот.
  • Првиот Офицер се назначува од Лидерот, но тој може да одлучи и да не назначи никого.
Офицер-Финансии
  • Основен бонус - го користи Пазарот со 50% пониска трговска провизија, т.е. 5%. Целосната вредност на бонусот зависи од Статусот на Лојалност на играчот во Сојузот.
  • Ги гледа економските и воените извештаи на сите членови.
  • Може да постави сојузен данок.
Офицер-Научник
  • Основен бонус - времето за истражување е 20% пократко отколку вообичаеното, но степенот на овој бонус зависи од Статусот на Лојалност во Сојузот.
  • Нивото на Универзитет на Офицерот-Научник влијае на цената на Сојузните Истражувања (ја намалува за 0,02 по ниво). Затоа, најразумното решение е на тоа место да се постави член со највисоко ниво Универзитет. Но, не треба да се заборави дека статусот на Лојалност на Офицерот-Наука има бонус влијание и на сојузните истражувања, па затоа замена на Офицерот-Наука со друг од втор или трет статус на Лојалност (дури и да е со повисоко ниво Универзитет) може да доведе до зголемување на цената, наместо намалување.
  • Ги гледа економските и воените извештаи на сите членови.
  • Може да порачува и Сојузни Истражувања.
Офицер-Изградба
  • Основен бонус - времето за градба е за 20% пократко од вообичаеното, но интегритетот на овој бонус зависи од Статусот на Лојалност во Сојузот.
  • Нивото на Архитектура на Офицерот-Изградба влијае на цената на Сојузните Градби (Сојузен Замок и градбите во него), намалувајќи ја за 0,02 по ниво. Затоа, најразумното решение е да се постави член со највисоко ниво Архитектура. Но, треба да се земе во предвид дека и бонусот од Статусот на Лојалност на ОФицерот-Изградба има влијание врз сојузните градби т.е. ако Офицерот-Изградба во втор или трет статус на Лојалност биде променет со нов (дури и со повисоко ниво Архитектура), тоа може да доведе до зголемување на цената, наместо до намалување.
  • Ги гледа економските и воените извештаи на сите членови.
  • Може да порачува изградба на Сојузни Градби.
Офицер-Дипломат
  • Има фиксен секојдневен бонус од +1 поен Чест, но само во вториот и третиот стадиум на Статус на Лојалност.
  • Прифаќа нови членови.
  • Ги гледа економските и воените извештаи на сите членови.
  • Задолжен е за дипломатијата на сојузот, бара нови членови, преговара за спогодби итн.
Командант
  • На секои 5 члена во Сојузот може да биде назначен по 1 Командант.
    * Останатите позиции се по 1 на Сојуз.
  • Основен бонус - 10 поени Морал, повеќе, помалку или точно - зависи од Статусот на Лојалност.
  • Командантите ги гледаат сите достапни војски во својата група и сите економски и воени извештаи на сите членови.
  • Одговорни се и за движењето на сојузните трупи.
  • Сите Команданти можат да праќаат масовни пораки на целиот сојуз или на својата група.
Големиот храм

Лидерот може да формира групи од обични членови и да задолжи член од Офицерското Крило или Лидерското Крило да управува со нив, задржувајќи го правото да го променува составот на групите и да ги префрла членовите од една во друга група. Играчите во групата имаат полесна комуникација бидејќи можат да праќаат масовни пораки.

Избори за Лидер
Секој играч може да се кандидира до 4 пати за Лидер.
Тој не може да биде исфрлен од Сојузот додека гласањето е во тек.
Гласањето трае 24 часа, сите членови имаат право да гласаат, користејќи ги своите нето економски поени.

Статус на Лојалност

  • Одредува колку секој член е лојален кон Сојузот. Лојалноста се пресметува на основа на времето поминато во Сојузот.
  • Поделена е во 3 стадиуми:
    • Од 1-виот до 30-тиот ден во Сојузот - обичните членови се Дебитанти, а тие од Лидерското или Офицерското Крило - Помлад Лидер или Помлад Офицер, соодветно.
    • Од 31-виот до 120-тиот ден во Сојузот - обчните членови се Ветерани, а тие од Лидерското или Офицерското Крило - Лидер или Офицер, соодветно.
    • Од 121-от до крајот на Ерата - Сојузниците од Лидерското или Офицерското Крило се Постар Лидер или Постар Офицер, соодветно. Нема промена во Статусот на Лојаност на обичните членови.
  • Стадиумите на лојалност го дефинираат степенот на индивидуалниот бонус, кај оние што имаат таков, како и степенот на Задоволство,* генериран глобално за целата Империја на секои 24 часа, како што следува:

    *Напуштање на Сојузот и повторното придружување или менувањето на позицијата во истиот Сојуз ги ресетира овие бонуси и тајмерот на Статусот на Лојалност е рестартиран.
    • Од 1-виот до 30-тиот ден - 50% основен индивидуален бонус (доколку има) и бонус Задоволство +1 за целата Империја на сите Помлади Лидери и Помлади Офицери.
    • Од 31-виот до 120-тиот ден - 100% од основниот индивидуален бонус, бонус Задоволство +5 за Лидерите и Офицерите и +2 за обичните членови.
    • Од 121-виот ден до крајот на Ерата - 150% од основниот индивидуален бонус и бонус Задоволство +10 само за членовите од Лидерското и Офицерското Крило.

Собирен Пункт

  • Собирен Пункт може да биде основан од лидерот или првиот офицер со двоен клик на било кое место на Глобалната мапа што не е окупирано од империја или место наменето за колонија (ридови, шума или терен со специјален ресурс).
  • Не се потребни ресурси за основање, ниту војска за освојување. Единствен услов е минимум 5 000 000 вкупна сума на нето економски поени од сојузниците и најмалку 1 ниво Сојузна Администрација. Бројот на нивоата на ова истражување го одредува бројот на поседувани Собирни Пунктови.
  • Негова функција е да ја собере целата сојузна војска на погодно место за испраќање во случај на воена мисија за освојување на Сојузен Замок, напад на Сојузен Замок или непријателски Собирен Пункт.
  • Собирниот Пункт може да собере само трупи од иста раса. Расата се поставува рачно веднаш после основањето и не може да биде променета.
  • Собирен Пункт има Тврдина (до ниво 9, почнувајќи со 0), кули и ров. Пораз во одбрана чини едно ниво Тврдина. Кога нивото на тврдина достигне 0, Собирниот пункт се смета за уништен. Ако и после поразот, сѐ уште има сојузна војска, таа произволно се враќа во друг Собирен Пункт или Сојузен Замок од истата раса. Ако нема таков, автоматски се генерира Собирен Пункт во близина на Империјата на лидерот и сојузнчката војска се испраќа таму.
  • Може да биде нападнат од војските на друг Сојузен Замок или Собирен пункт, без граници во опсегот на нето економски поени.
  • После основањето има 12-часовен период со забранети напади.
  • Истоварувањето на донирани или преместени сојузни војски се извршува секоја минута, а истоварувањето на сојузни војски кои се враќаат од напаѓачка мисија и пресметувањето на сите сојузни битки се извршува моментално, веднаш кога ќе се достигне целта и бројачот ќе покаже 00:00:00.

Донирање сојузна војска

  • Војска може да биде донирана само во Собирен пункт или Сојузен Замок од истата раса.
  • Донирањето се извршува преку Глобалната Мапа.
  • Максималното количество донирани единици изнесува 3 000 000, независно дали за Собирен пункт или за Замок.
  • Ако бројот на донирани единици е поголем од бројот на преостанатите единици за донирање, слободните места пропорционално се пополнуваат.
  • Издржувањето на донираната војска за време на патувањето до Собирниот пункт или Замок го плаќа донатарот. Трупите стануваат сојузна сопственост во моментот на нивното растоварање и нето економските поени добиени со регрутација се одземени од моменталните нето економски поени од донаторот и се додаваат кон поените на сојузот. Ако еднаш се донирани, трупите не може да се повлечат назад.
  • Издржување на сојузните трупи на мисија - x1.2.

Сојузен Замок

  • Заедно со местата наменети за основање колонии и Собирни Пунктови, на Глобалната Мапа има и 9 други места од различен вид и исклучително важни. Тие се местата наменети за изградба на Сојузни Замоци и ги имаат следниве специјални карактеристики:
  • Дозволува изградба на Сојузни градби - обични и специјални. Специјалните обезбедуваат прогресивно ширење на военото и културното влијание на Сојузот, територијално распределено по Глобалната Мапа.
  • Карактеристики на Сојузен Замок:
    • Тврдини
      Ниво на тврдина Животни поени Гаризон Кули* Ров**
      1 720 000 500 5 1
      2 1 440 000 1000 10 2
      3 2 880 000 2000 20 4
      4 5 760 000 4000 30 6
      5 11 520 000 8000 40 5
      6 23 040 000 16 000 60 10
      7 46 080 000 32 000 100 12
      8 92 160 000 64 000 140 16
      9 184 320 000 128 000 180 20
      10 368 640 000 256 000 240 24
      Кули - дозволуваат распоредување на балистите. Секоја кула има место за 4 балисти. Кога тврдината е уништена, кулите и нивните балисти се уништени исто. Без кули, балистите не функционираат додека Тврдината не падне и не започне битката со гарнизонот. Кулите автоматски се поправаат со поправката на уништената тврдина.
      ** Ги намалува животните поени на напаѓачката војска за 1% по ниво.
    • Големиот храм
      Секое ниво доделува +5% животни поени на одбранбената војска на поле. Највисоко ниво - 15.
    • Големиот храм
      Го зголемува опсегот на културно и воено влијание на Сојузниот Замок со определен радиус* по ниво. Растот е од избледнувачки карактер т.е. со секое наредно ниво, разликата помеѓу две нивоа е помала во споредба со претходното. Замок со 1-во ниво Голем Храм има опсег од 77.76 радиус, со 2-ро - 125.47, со 3-то - 170.33, со 4-то - 212.49 и така до достигнување на последното ниво, 32, кое доделува 756.19 радиус.

      *1 радиус = 1 Империјална милја
  • Сојузниот Замок може да собере војски само од истата раса. Расата се поставува веднаш после освојувањето и штом еднаш е определена не може да биде променета.
  • Од Сојузен Замок може да бидат испраќани напади по други Сојузни Замоци или Собирни пунктови.
  • Контролата над Сојузен Замок дозволува доброволни депозити еднакви на 20% од моменталните нето економски поени на играчот во златен еквивалент.

Сојузно Влијание

  • Уникатна особина на Сојузниот Замок.
  • Сојузниот замок се основа со опсег на влијание 27, потоа може да се надоградува, раширувајќи го опсегот над околните територии преку изградба на специјалната градба - Големиот Храм, достапна во него.
  • Влијанието на Централниот Замок може да достигне 44% во случај да не се преклопува со влијанието на друг замок.
  • Ако опсегот на влијание на еден Замок се преклопува со влијанието на друг, Замокот со поразвиени градби, последователно - тој со поголем опсег, го присвојува преклопениот дел од помалиот Замок. Ако и двата замоци имаат исто ниво на специјална градба, преклопената зона станува неутрална додека еден од замоците не достигне доминација со барем едно ниво. Неутрална зона е преклопената, а нејзиниот радиус е поделен на 2 еднакви дела и додаден кон општиот опсег на сојузот и сите империи коишто се наоѓаат во соодветната зона го губат нивниот дневен бонус кон производството, моралот и честа. Без разлика колку масовни се круговите на опосег на преклопување, првиот, внатрешен круг на опсег на нечие влијание, не може да се одземе.
  • Членовите на Сојуз или Федерација чии империи се наоѓаат во опсег на влијание на сопствен или сојузнички Замок, добваат 5% бонус производство, +5 дневен бонус задоволство со глобален ефект и +5 морал. Во војна, сите империи кои се наоѓаат во опсегот на непријателско влијание имаат 5% пониско производство, -5 дневно задоволство минус со глобален ефект и -5 морал.
  • Напад испратен од Сојузен Замок може да биде насочен само кон друг Сојузен Замок или Собирен Пункт, без никакви ограничувања во опсег на нето економски поени.

Освојување на Независен Замок

  • Дури и пред да биде освоен, замокот има тврдина, војска и гарнизон, односно, за освојување на независен замок е потребна битка изведена од сојузна војска, распоредена во Собирен пункт или во друг веќе контролиран Сојузен замок. Условите и механиката на таков вид битка се исти како оние помеѓу индивидуални играчи. Поените морал и воените истражувања се оние од Лидерот. Бонусите од специјални ресурси на сите играчи, доколку ги има, имаат ефект, но без акумулација на бонуси од ист вид, т.е. доколку има 2 или повеќе бонуси од ист вид само еден од нив, се пресметува најголемиот.
  • Напад на точки на Сојузен Замок со цел негово освојување, нема ограничување во опсегот на нето економски поени.
  • Независниот замок има тврдина 8, стелци во гарнизон и војска на поле, видлива во балонче, и нема воени истражувања. Нивото на тврдината не паѓа за еден, после секој успешен напад останува 8. Замокот е освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 воени единици. Тврдината на освоениот замок мора да биде изградена почнувајќи од ниво 1.

Напад на Сојузен Замок

  • Сојузен Замок може да биде нападнат само од војски распоредени во друг Сојузен Замок или во Собирен Пункт.
  • Може да биде нападнат од индивидуален играч (само ако е веќе под колторла на некој сојуз), но не може и спротивното - Сојузните војски немаат право да напаѓаат индивидуални играчи.
  • Има 12-часовен период со забранети напади кон замокот после неговото освојување.
  • Изгубена опсада на Тврдина во Собирен пункт подразбира дека целиот преостанат гарнизон ќе биде распореден на полето.
  • Замок е уништен кога неговото ниво на Тврдина достигне 0 (со секој пораз во одбрана Тврдината паѓа за 1 ниво). Потоа, сојузот-агресор станува сопственик и може да продолжи да го шири опсегот на влијание кога ќе плати 20% од ресурсите инвестирани во Големиот Храм од претходниот сојуз; ако оваа цена не биде платена за 24 часа од освојувањето, нивото ќе стигне 0. Новиот сопственик може да ја промени расата на собираната војска.
  • Изгубена опсада на Тврдина во Сојузен Замок подразбира дека целиот преостанат ганизон ќе биде распореден на полето.
  • Истоварувањето на донирани или преместени сојузни војски се извршува секоја минута, а истоварувањето на сојузни војски кои се враќаат од напаѓачка мисија и пресметувањето на сите сојузни битки се извршува моментално, веднаш кога ќе се достигне целта и бројачот ќе покаже 00:00:00.

Крај на ерата

  • Ерата завршува на фиксен краен датум. Победник е сојузот што има највисок процент влијание на овој краен датум или највисока сојузна нетна вредност ако никој нема влијание.

Сојузнички засилувања

  • Секој член на Сојузот може да испрати негова војска во засилување на сојузник.
  • Сојузничко Засилување претставува испраќање војска од еден член на Сојузот кон колонија на сојузник којашто е под напад. Военото засилување спроведува битка на поле против агресорот.
  • Војските на повеќе од еден сојузник можат да бидат пратени во нападнатата колонија од сојузникот, тие се борат последователно една по друга. После секоја битка на поле, вредноста на Моралот на непријателот не се обновува, а новата битка ја започнува со моралот со кој ја завршил претходната.
  • Секоја колонија располага со посебна градба, достапна единствено во колониите - Логистичка база. Нејзиното ниво го одредува бројот на дозволени сојузнички војски, испратени истовремено во засилување. Секое наредно ниво ослободува место за уште една војска.
  • Додека се во засилување, издржувањето на сојузничките војски е x1.5 од нормалното.
  • Издржувањето на војските во засилување го плаќа играчот кој ги пратил.
  • Успешната шпионажа на агресорот му гарантира информација за можно присуство на војски во засилување, нивниот број и состав. Сојузникот кој праќа војска во засилување може да избере дали неговото име да биде видливо за агресорот или да остане анонимен.

Односи помеѓу Сојузи

Постојат 5 различни нивоа односи помеѓу два Сојуза. Тие може да бидат видени само од членовите на сојузот. Сојузите по правило го започнуваат својот развој со статус Неутралност. Меѓутоа, може да го променат било кога преку објавување Непријателство или Војна на непријателски Сојуз, без потреба од потврда за одобрување, или преку испаќање покана за Пакт за Ненапаѓање или Мировен Договор за коешто задолжително е потребна потврда од другата страна.
  • Миоровен Договор
    Сојузите коишто потпишале Мировен Договор формираат Федерација.
    Ако сојузот “A” и сојузот “Б” формирале Федерација и сојузот “В” објави војна на “Б”, тогаш “A” има право да објави војна, ослободена од данок, на “В”. Од друга страна, ако 2 сојузи внатре во Федерација започнат војна, членовите на Федерацијата можат да избираат страна или да останат неутрални.
    Сојузите, обединети со Мировен Договор, не можат да си објават војна меѓусебно.
  • Пакт за Ненапаѓање (ПН)
    Гарантира дека нема да има напади помеѓу страните учесници.
    За да може да се објави војна, ПН мора да биде поништен.
  • Неутралност
    Почетен статус на секој Сојуз.
    Ако Сојуз објави војна на неутрален Сојуз, сите членови од Агресорот губат 4 поени Чест и односите помеѓу двата Сојуза после војната автоматски стануваат непријателски.
    Секоја промена на односите генерира приватна порака кон сите засегнати страни.
  • Непријателство
    Овој однос дозволува објавување војна без никакви последици по Честа.
    Непријателството е активно веднаш после објавувањето.
  • Сојузни Војни
    Правила на Војната
    • Војни може да се спроведуваат помеѓу два Сојузи, како и помеѓу цели Федерации.
    • Фиксна продолжителност - 168 часа, победникот се одредува врз основа на вкупните нанесени штети за време на војната.
    • Војната станува активна после 8 часа од нејзиното објавување.
    • Опсадите на Тврдини и Грабежите во нето вредносни поени до x5 не се санкционирани со губење Чест.
    • Ниту еден напад не може да трае помалку од 10 минути. Ако до метата може да се стигне за 5 минути, мисијата ќе трае точно 10 минути. Воените мисии помеѓу припоените провинции додека сте под напад, одземаат 5 минути.
    • Во војна, секоја провинција може да биде ограбена на секои 84 часа.
    • Нападите надвор од дозволениот опсег на нето економски поени x2 во војна не одземаат поени Чест, но Моралот и параметарот на напад паѓаат, следејќи го точно истиот модел на напад надвор од опсег во период без војна.
    • Контрашпионажа на сите играчи е вештачки зголемена за 1 ниво, но само за време на војната.
    • Во војна, сите капитулации помеѓу членовите на спротивставените сојузи се прекинати.
    • Сојузот може да објави по 1 војна на секои 24 часа за брзина x1, на секои 6 часа за брзина x4 и на секои 2 часа за брзина x10.
    • Објавувањето војна му одзема 10 поени Задоволство на секој член од Сојузот-Агресот.
    • За да биде објавена војна:
      • Агресорот мора да плати данок, основан на нето економски поени на двете страни - за секоја 0,1 разлика над дозволениот опсег x2, данокот се зголемува за 0,5 злато за нето економски поен.
      • Збирот на нето економските поени на двете вклучени страни не смее да надминува опсег x5.
      • Сојузите треба да имаат најмалку 5000 вкупно, за да можат да бидат вклучени во војна.
    • Цели на Војната
    • Искачување во Рангирањето на Сојузите.
    • Добивка на ресурси еднакви на 50% од уништените непријателски единици во златен еквивалент*. Воениот приход се добива на крајот, во дрво и железо, за тие играчи кои се дел од победничкиот Сојуз и учествувале во битките. Сојузот кој изгубил не добива ништо.

      * Златниот еквивалент на нето економските поени, добиени од регрутацијата на тие единици, а не златниот еквивалент на ресурсите, потрошени за нивно добивање.


      Напомена! Не се пресметува воен приход за уништени тврдини и ограбено население.
    • Одредување на победникот во војната
    • После почетокот на војната, двата Сојуза собираат воени поени од меѓусебни напади.
    • Нападите од сите членови се собираат и се составува резултатот од Сојузот.
    • На крајот од 168-те часа, победник е сојузот со повеќе воени поени.
    • Поените се заработуваат по 3 начина:
      • Уништување на непријателска Тврдина
        Тврдина 1 - 1 поен
        Тврдина 2 - 2 поени
        Тврдина 3 - 3 поени
        Тврдина 4 - 4 поени
        Тврдина 5 - 8 поени
        Тврдина 6 - 16 поени
        Тврдина 7 - 32 поени
        Тврдина 8 - 64 поени
        Тврдина 9 - 128 поени
      • Успешни Битки на Поле - убиените единици во битка на поле носат поени. Војска во вредост 5000 злато е еднаква на 1 поен.
      • Грабеж - 1000 убиени селани даваат 1 поен.
    • Целиот број воени поени од победникот оди во Сојузното Рангирање, а од победениот - само 25%.
    • Ако повеќе од 50% од нето економските поени (на членовите) на сојузот агресор завршат во мод Одмор и/или Празнична заштита, сојузот автоматски ја губи војната. Ако повеќе од 50% од сојузните нето економски поени припаѓаат на еден член и тој го напушти сојузот, сојузот-агресор автоматски ја губи војната.
    • Ако повеќе од 75% од нето економските поени (на членовите) на сојузот во одбрана завршат во мод Одмор и/или Празнична заштита, бранителот автоматски ја губи војната. Ако повеќе од 75% од сојузните нето економски поени припаѓаат на еден член и тој го напушти сојузот, сојузот-бранител автоматски ја губи војната. Агресорот назад добива 50% од платениот данок за војна.

    Напомена! Овие проценти на моментална неактивност се применуваат врз вкупната нето вредност на сојузот, не на нето вредноста на активните (не во мод Одмор/празнична заштита) членови.

    Пример 1: Ако вкупната вредност на сојузот е 10 000 000 и 5 000 001 од нив се во мод Одмор и/или Празнична заштита, сојузот не може да објави војна. Ако вкупната нето вредност на сојузот е 10 000 000 и 7 500 001 од нив се во мод Одмор и/или Празнична заштита, не може да му биде објавена војна на овој сојуз.

    Пример 2: Ако вкупната нето вредност на сојузот агресор/заштитник е 10 000 000 и 5 000 000 / 7 500 000 од нив се во мод Одмор и/или Празнична заштита пред објавувањето на војна, тогаш, после почетокот на војната ако дури и еден член активира мод Одмор/Празнична заштита или го напушти/е исфрлен од сојузот, сојузот агресот/заштитник ја губи војната.

    После почетокот на војната, моменталната активност на двата сојуза е динамична, т.е. вредноста врз која се прилагаат процентите што водат до евентуална загуба е под влијание на запирање/истекување на модот Одмор/Празнична заштита, така и на исфрлање/доброволно напуштање на сојузот.

    Пример 3: Ако вкупната нето вредност на сојузот во времето на објавување на војна е 6 000 000, тогаш сојузот ќе треба да се откаже од 3 000 001 од поените во мод Одмор и/или Празнична заштита за да би ја изгубил војната како агресор и 4 500 001 поени да изгуби како бранител. Ако нето вредноста на сојузот во време на објавувањето на војна е 6 000 000 и 1 000 000 поени го напуштиле/се исфрлени од сојузот, тогаш моменталната активност на сојузот станува 5 000 000 и сојузот треба да има 2 500 001 од поените во мод Одмор/или Празнична заштита за да ја изгуби војната како агресор и 3 750 001, за да ја изгуби како бранител.

    Пример 4: Ако сојузните нето економски поени од сите членови се 5 000 000 и од нив 2 500 001 му припаѓаат на еден играч и тој го напушти сојузот, сојузот автоматски ја губи војната како агресор; бранителот автоматски ќе ја загуби војната ако играчот којшто го напуштил сојузот има 3 750 001 нето економски поени.

    • Победата во војна обезбедува 10 поени Задоволство за секој играч.

Сојузен капитал и истражувања

  • Секој Сојуз има Ризница каде што се акумулираат средства како резултат од плаќањето на данок од индивидуални членови или доброволни донации. Данокот е поставен во четири типа ресурси посебно (квота за секој ресурс), а лимитот е 30% за секој ресурс. Доброволните донации не може да бидат неиграничени. Со 1-во ниво Сојузна Администрација играчите може да донираат до 20% од своите нето економски поени во златен еквивалент. Со 2-ро ниво - 10%. Со 3-то ниво и нагоре - 5%. Но, ако Сојузот контролира најмалку еден Замок овој процент се зголемува на 20%, без разлика на нивото на Администрација.

    Пример: Ако играч има 1000 поени (1 000 000 Златен еквивалент) и неговиот Сојуз има 1-во ниво Администрација, значи дека играчот може да донира не повеќе од 200 000 злато. Ако на следниот ден порасне до 2000 нето економски поени, лимит на донацијата ќе биде 400 000, но ако порасне за 2000 нето економски поени и има истражено уште едно ниво на Администрација, лимитот ќе биде 200 000. Но, ако играчот веќе има донирано 200 000 злато, во суштина нема да може да донира ништо додека повторно не ги зголеми нето економските поени.
  • Освен објавување војни и потпишување договори, овие средства може да се искористат и за Сојузни Истражувања кои имаат влијание врз сите членови. Затоа, ако одреден играч има веќе истражено 5-то ниво Утврдување, а неговиот Сојуз има 1-во ниво од истото истражување, играчот користи бонус за Утврдувањето на ѕидовите на Тврдината од 6-то ниво, но ги нема потребните нивоа истражувања за да изгради Тврдина ниво 6, за коешто се потребни 6 лични, а не сојузни, нивоа.
  • Членовите исто можат да донираат и подигнуваат дијаманти од сојузната ризница. Донирањето е ограничено, максималниот број е до 340000 дијаманти на ден. Можат да се донираат само купени дијаманти. Количеството подигнати дијаманти се определува од лидерот или првиот офицер. Квотата за подигнување е безвременска што значи дека ако веќе сте подигнале 85000 дијаманти за да подигнете уште 85000 дијаманти лидерот или првиот офицер мораат да ја подигнат Вашата квота на 170000 дијаманти.

Сојузно Рангирање

  • Според Сојузни нето економски поени - вкупната сума на сите нето економски поени од сите членови.
  • Според освоени воени поени од војни или битки во кои биле ангажирани сојузни трупи.
  • Според вредноста на сојузот - моменталната нето економска вредност на сите сојузни истражувања, градби и војски.

Трговски биланс - пренос на злато помеѓу играчи

  • Играчите може да испратат или примат не повеќе од 10% од нивната моментална нето вредност.

    Пример: Ако играчот има 1000 нето економски поени (1 000 000 златен еквивалент), неговиот Трговски биланс е 100 000 злато коешто значи дека истиот може да прими или да испрати максимално до 100 000 злато.
  • Лимитот на Трговскиот биланс се зголемува/намалува во согласност со зголемувањето/намалувањето на нето вредноста на играчот.

    Пример: Во ден 1 играч е вреден 1000 поени и може да прими или испрати до 100 000 злато. Во ден 2 играчот расте до 2000 поени коешто автоматски го зголемува неговиот лимит до 200 000 злато. Ако во ден 1, тој прими 100 000 злато, неговиот биланс ќе биде искористен и тој нема да може да прима повеќе. Во ден 2 тој ќе може да прими уште 100 000 злато, бидејќи неговиот лимит на биланс пораснал до 200 000 поради нето вредносниот раст. Истото важи и за играч кој губи нето економски поени.
  • Преносот на злато е оданочен. Колку играчот е поблиску до својот лимит, толку повеќе злато ќе биде изгубено за време на преносот. Испраќачот ќе биде известен колку од неговото злато ќе биде изгубено заради оданочување.
  • Играч може да испраќа злато преку транспортни колички и да прима злато во Транспортната станица.

    Напомена! За успешно да пренесете злато, потребна ви е Транспортна Станица, товарни колички и најмалку една припоена провинција. Златото се испраќа од подмени Пренесување Злато во Транспортната Станица.

Полезни совети за сите кои сакаат да станат воини во Сојуз

  • Не ја оставајте својата војска во тврдините ако сте во војна. Или барем не ги полнете гарнизоните на слабите тврдини, бидејќи ќе бидете лесна мета за непријателот.
  • Не објавувајте војни на слаби сојузи - добивате помалку од колку што ризикувате.
  • Уништувајте ги непријателските тврдини, независно дали имаат гарнизони или не, од нив се добиваат поени.
  • Пробајте да ја уништите непријателската војска на поле, ова ќе ви помогне за потоа да ја освоите тврдината. Заради овие причини, чувајте ја својата војска безбедна, освен ако сте сигурни дека никој не може да ја совлада.
^